РСБСП: Поспаниот возач е неспособен да направи нешто за да избегне критична ситуација

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачува дека поспаниот возач е неспособен да направи нешто за да избегне критична ситуација или судар со друго возило и ги советува возачите кои ќе осетат замор да запрат со возењето и да се одморат и по можност малку да поспијат пред да продолжат да возат.
- На нашето поднебје, заморот како причина за сообраќајна незгода е потценет, а исто така е невозможно да се утврди точниот број на сообраќајни незгоди кои се случиле само затоа што возачите биле премногу уморни или заспале зад воланот, но сепак голем дел од сообраќајките кои се случуваат, особено во летниот период, наведуваат кон тоа дека заморот е причина за незгода. Овие незгоди често се со многу сериозни последици бидејќи поспаноста и заморот го прават возач полусвестен и неспособен да направи нешто за да избегне судар со друго возило или излетување од патот, велат од РСБСП.
Заморот, додаваат, обично се јавува по два часа возење, меѓу вториот и седмиот час возење или откако возачот ќе помине од 200 до 500 километри, во зависност од тоа на каков пат вози.
- Заморот се манифестира многу слично кај сите возачи. На почетокот се манифестира со желба за спиење, се јавува боцкање во очите, чувство на топлина и укочување на вратот, рамената и рацете, како и слаба циркулација, трнење на нозете и болка во долниот дел на грбот. Сето ова може да доведе до полу-свесна состојба и намалување на способноста за расудување, а најлоша последица е возачот да заспие зад волан бидејќи тогаш последиците најчесто се трагични, појаснуваат од РСБСП.
За намалување на заморот (поспаност), нагласуваат, корисен ефект има пријатната атмосфера во возилото, разговорот со сопатниците, слушање соодветна музика, како и разни промени кои се случуваат за време на возењето (менување на околината, вегетацијата, менување на условите на патот, ограничување на брзината, менување режими на возење и слично).
- Вентилацијата во возилото треба редовно да се проверува и прилагодува, така што во возилото секогаш ќе има свеж воздух и ќе се создаде поволна микроклима. Не претерувајте со прекумерно ладење или греење на просторот во возилото. Многу е важно да одмарате во соодветни интервали, да правите кратки паузи, да се освежите и размрдате. Кога ќе правите пауза, пешачењето и вежбите се покорисни отколку седењето. Добро е и да седнете, но во друга положба од таа што сте седеле во автомобилот. За време на паузите препорачливо е да се земаат помали оброци лесно-сварлива храна (млечни производи, овошје, зеленчук) и освежителни пијалоци (сокови, чај), препорачуваат од РСБСП.
Ново на Сител
-

ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
