Македонија
29. October 2025 - 16:49

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг

Одбројуваме до молкот за локалните избори – останаа уште два дена. Вториот изборен круг помина со смирена реторика, но не целосно. Имаше меѓусебни обвинувања и елементи на негативна кампања, оценуваат граѓаните.

И покрај политичката динамика, очекувањата на граѓаните се јасни, ѓубрето и јавниот превоз мора да бидат приоритет за решавање на идниот градоначалник на Скопје.

Во вториот круг доминира заострената реториката, оценуваат експертите. Во кампањите наместо конкретни проекти, има меѓусебно напаѓање на политичките противкандидати.

Професорката додава дека и социјалните мрежи, станаа плодна почва за меѓусебни обвинувања.

Вториот круг на локални избори ќе се одржи в недела. По вторпат за избор на градоначалник ќе се гласа во 33 општини.