Македонија
29. October 2025 - 16:47

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија

Дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје и Куманово биле лажни, утврдило МВР откако вчера направи антитерористички проверки низ училиштата и увиделе дека нема опасност од бомба, како што им пристигнало на мејловите во училиштата.

Дојавите за бомби во училиштата не се новост во Македонија- во 2022та секојдневно учениците губеа часови во училиште бидејќи специјалните единици на МВР заедно со кучиња ги проверуваа училниците дали има некаква екплозивна направа. Секојдневните пријави и тогаш се испостави дека се лажни.

Но зошто токму овој период повторно се појавуваат дојавите за бомби? Според безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски, причините може да се од различни области.

Малолетници кои сакаат да избегнат тест или часови, до саботирање на изборниот процес во недела предизвикувајќи страв кај граѓаните од хакерски напади во дел од институциите. Вели македонските власти мора да соработуваат со меѓународните организации за полесно справување со овој проблем кој се јавува се почесто.

Од октомври 2022 година кога е регистрирана првата дојава на анонимна бомба во училиште, заклучно денеска регистрирани се вкупно 1314 анонимни дојави за бомби. Поднесени се вкупно шест кривични пријави против седум лица, за сторени шест кривични дела тероризам.