Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
Дури 30 од вкупно 44 градоначалници кои добија мандат по првиот изборен круг и досега ја вршеа градоначалничката функција. Еден од нив е штипскиот кој денеска и официјално стана првиот кој по втор пат ќе седи во градоначалничката фотелја.
По првиот изборен круг вкупно 9 општини добија градоначалници од друга политичка партија. Вреди му зема 4 општини на ДУИ, а интегративците една на СДСМ. Четири општини од СДСМ презема и ВМРО-ДПМНЕ. По историскиот пресврт во Струмица, од денеска промена на власта и во Делчево.
На овие избори партиите ретко се решаваа во општина каде што веќе имаат власт да кандидираат ново име. По првиот круг СДСМ го смени својот кадар во Кривогаштани, а ВМРО-ДПМНЕ на ваков чекор се реши во Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.
Меѓу побединците во првиот круг, тројца беа пратеници а Изет Меџити потпретседател на Владата. За нив, процедурата за избор на нови во Собранието ќе почне идната недела.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
