Македонија
29. October 2025 - 16:47

Каква сезона на грип не очекува?

Колку регистрираните случаи и веќе полните амбуланти покажуваат каква сезона на грип не очекува? Според последната статистика од Институтот за јавно здравје, со 188 пријавени со грип и заболувања слични на вирусот, има зголемување на бројките дури за 77 проценти во споредба со истиот период лани. Од друга страна, пак,  и лекарите алармираат на се поголем број на пациенти кои ги полнат болниците.

-Бројот на пациенти кои доаѓаат во амбулантите на Инфективна клиника е се поголем, Засега нема тершки случаи, претежно се работи за повозрасна популација кои се со хронични заболувања – кардиоваксуланти, дијабет, пулмонални, вели д-р Фадил Цана, директор на Клиника за Инфективна клиника.

Засега во земјата не е потврдено кој тип на грип циркулира, но лекарите апелираат дека ризичните групи треба да одат на вакцинација за заштита на своето здравје.

-Идеално е во октомври и почетокот на ноември да се обави вакцинацијата бидејќи таа штити од тешки компликации, вели д-р Цана.

Инаку веќе десетина дена е во тек вакцинацијата против сезонскиот грип во 35 пункта во државата. Досега на вакцинација.мк има пријавено над 70 000 граѓани а 22 000 граѓани кои се во ризичните групи веќе ги посетиле диспанзерите за имунизација.