Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
Специјални корпи за отпад од домашни миленици најави кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ. Во програмата за втор мандат планира и вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња за хуман третман.
Програма за поддршка на младите за отпочнување сопствен бизнис најавува кандидатот за гградоначалникот на о. Аеродром од СДСМ.
Враќање на духот и сјајот на старата скопска чаршија најави кандидатот за Центар од ЗНАМ кој ги посети занаетчиските дуќани и разговараше за проблемите на еснафот.
Родителите ќе бидат ослободени од сите трошоци за учениците,бесплатни униформи и ваучери за електронска опрема за студентите најавува кандидатот за градоначалник на о. Карпош од ВМРО ДПМНЕ.
Во главниот град во трката за градоначалници влегоа кандидатите од 4 општини, Аеродром, Центар, Карпош, Шуто Оризари и кандидатите за Град Скопје.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
