Македонија
29. October 2025 - 16:49

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана

По јавните пораки од претседателот на ВМРО ДПМНЕ да прекинат етничките поделби и оставрената средба со Мицкоски, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Тетово, Биљал Касами ја менува реториката. Изјавата во која јасно даде до знаење дека очекува и ветува взаемна поддршка со ДУИ во Кичево, Долнени, Брвеница за кандидатите албанци, сега вели била извадена од контекст. Реакцијата на Мицкоски не ја гледал како опомена.

„Првично, не сметам дека имало каква било опомена. Мора да го земеме предвид контекстот, местото и медиумот во кој е дадена изјавата. Таа беше политички погрешно толкувана, бидејќи нашите противници се обидоа да ја отворат етничката карта на овие избори. Фатмир Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ, кој за време на неговото владеење не донесе ништо добро во Кичево. Напротив, им наштети на градот и на луѓето од Кичево. Поради оваа причина, не можеме да застанеме зад него само затоа што е Албанец“. Вели Касами во изјава за Алсат.

Од ВРЕДИ веднаш по првичната изјава на Касами се оградија и повикаа граѓаните на Кичево сами да пресудат за кого ќе гласаат во вториот изборен круг каде во изборната трка влегуваат кандидатите на НАИ и  ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, и Фатмир Дехари.

Мицкоски му порача дека  гласовите на избирачите ги немаат во џеб за некој да кажува како да гласа. Ги повика политичарите да не прават поделби по етнички теми, бидејќи според него, тогаш нема да разлика меѓу нив и Ахмети.

Од владејачката партија и денеска го повторија ставот – наместо етнички поделби да се фокусираат на обединување.

По молкот од ДУИ во телефонски разговор ни рекоа дека нивниот став дали постои договор за взаемна поддршка со ВРЕДИ, но и каков е воопшто ставот по ваквите изјави, ќе го соопштат утре на прес конференција.