Македонија
30. October 2025 - 16:30

Во исто време има и грип и Ковид-19

Гостивар на врвот по бројот на заболени со грип во оваа сезона. Од досега 244 регистрирани случаи во Институтот за јавно здравје, речиси 40 проценти се во овој град а останатите во уште девет општини во државата. Епидемиолозите велат дека засега не може да прогнозираат дали вирусот ќе биде со полесна или потешка клиничка слика. Во исто време со грипот има и евидентирани случаи на ковид 19 и тоа на варијантата стратус.

-Ковид 19 е се уште присутен. Во периодот од 33 до 38 недела имавме како еден пик на заболувањето, сепак, да напоменам дека се работи за многу малку тестирани но имавме поголем број на позитивни. Овој период има намалување на бројот. Можно е во исто време да се имаат двете болести. Во секој случај, најдобро е да се јават на матичен лекар или на инфектолог и да се следи нивната состојба, вели Драган Кочински, раководител на епидемиологија во ИЈЗ.

Како превенција од грипот досега над 32 000 граѓани примиле вакцина. Министерството за здравство за ризичните категории набави 80 000 дози и тие се бесплатни. Освен имунизацијата и практикувањето на здрав начин на живот, леарите велат дека како заштита можат да бидат и маските.

-Маската како превенција го штити граѓанинот. Тие што се ранливи категории кога одат во здравствени установи немаат штета аод носењето на маска, посебно овој период од годината, вели Кочински.

Инаку ланската сезона заврши со 26 000 заболени и пњет смртни случаи асоцирани со грип.