Одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Делегации на Владата на Република Македонија, на Собранието, на Претседателот на државата, на АРМ, на Сојузот на борците, на политичките партии и на дипломатскиот кор, денеска положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.
Владината делегација ја предводеше министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот без ресор Зоран Шапуриќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.
Министерот Алаѓозовски на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на македонската револуционерна борба.
- Ние го одбележуваме достоинствено онака како што доликува, пред споменикот на симболот на таа македонска револуционерна борба Гоце Делчев, рече Алаѓозовски.
Во честитката од Владата, пак, се наведува дека празникот обврзува заеднички да креираме услови за стабилност и за подобар живот во Република Македонија.
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.
Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
-

Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
-

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг
-

Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
-

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
