Касами: Не можеме да застанеме зад Дехари во Кичево само затоа што е Албанец, мојата изјава е извадена од контекст

Билал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ и кандидат за нов мандат за градоначалник на Тетово, вели дека неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Фатмир Дехари била погрешно протолкувана бидејќи, како што нагласува, противниците на ВРЕДИ се обиделе да ја отворат етничката карта на овие избори. Реакцијата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја гледа како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава за Кичево е извадена од контекст.
Според него, треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој била дадена изјавата, како и околностите во кои потоа била пренесена. Со тоа, нагласува, таа целосно била извадена од нејзината првична идеја.
- Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана – нагласи Касами.
Тој интервју на Алсат, потенцира дека неговите ставови се јасни и во согласност со оние на коалицијата ВРЕДИ, објаснувајќи дека намерата не била да се поддржи ниту еден кандидат поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси.
-Фатмир Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ, кој за време на неговото владеење не донесе ништо добро во Кичево. Напротив, им наштети на градот и на луѓето од Кичево. Поради оваа причина, не можеме да застанеме зад него само затоа што е Албанец, рече Касами.
Тетовскиот градоначалник додава дека Движењето Беса отсекогаш ги поддржувало кандидатите кои ги претставуваат интересите на граѓаните, без оглед на етничката припадност.
-Како градоначалник на Тетово, работев за сите граѓани Албанци, Македонци, Турци, Роми. Тетово е космополитски град и сите ги уживаат сите придобивки од овие четири години. Во овој дух, и во Кичево, би сакале ДУИ да избере друг, подостоен кандидат, нагласува Касами.
Потсетува дека Движењето Беса имало свој кандидат во Кичево и дека граѓаните сега знаат „кого треба да поддржат во вториот круг“.
Касами се осврна и на коментарите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Дехари.
Во интервјуто тој нагласува дека не ја гледа реакцијата на Мицкоски како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава е извадена од контекст.
- Првично, не сметам дека имало каква било опомена. Мора да го земеме предвид контекстот, местото и медиумот во кој е дадена изјавата. Таа беше политички погрешно толкувана, вели Касами.
Тој и Вреди, како што нагаласи, не ја поддржуваат изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Хаким Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја".
- Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, истакна градоначалник Касами.
MИА
Ново на Сител
-   
           МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија
-   
           Социјалистичка партија: На 2 ноември гласаме за иднината на Македонија
-   
           Кривични пријави за наставничка и директорка од Кавадарци кои ширеле приватни пораки на нивна колешка
-   
           Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
-   
           Клековски: На иницијатива на Фондот за здравствено осигурување почна проценка на критериумите за здравствено осигурување
-   
           Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември
-   
           Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори
-   
           Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво




