Социјалистичка партија: На 2 ноември гласаме за иднината на Македонија

Во недела на 2-ри ноември гласаме во вториот круг од Локалните избори кои ги сметаме за суштински за иднината на нашата држава. Во недела гласаме за проддолжување на промените кои започнаа на минатите Парламентарни избори.
Гласаме за нашите кандидати за градоначалници кои се ваши блиски луѓе, ваши соседи и пријатели кои се носители на промените во вашите средини. Тие се луѓето кои ќе ги донесат промените во вашата улица, вашето маало и град, луѓе кои ќе ги споделуваат, ќе ги разберат вашите проблеми и кои за нив ќе најдат решение затоа што се дел од сите вас.
Нашите кандидати за градоначалници се луѓето кои ја споделуваат нашата визија за нашата заедничка иднина и луѓе со чест кои ќе ги спроведуваат сите проекти кои се понудени во нашата изборна Програма која заедно со вас ја подготвувавме.
Ние имаме сериозен пристап кон локалните единици затоа што таму се одлучува за проблемите со кои секојдневно сите ние се соочуваме. Затоа ние не се служиме со празни зборови и нерелани ветувања. Ние посветено работиме за секој од вас, затоа што за нас е важен секој човек. Нашата визија е подобриот живот са секој од вас, подобрите услови за живеење и подобриот животен стандард за секој граѓанин.
Нашите предложени кандидати се луѓе кои имаат изградено висок вредносен критериум кој ги обврзува на посветеност и деноноќна беспоштедна работа во интерес на сите граѓани и во секој град на Македонија.
Ве повикуваме во недела масовно да излезете на гласање да го изразите вашето гласачко право и да бидете дел од процесот на промените кои на сите нам ни се потребни.
Ве повикуваме да гласате за вистинскиот избор, да го заокружите редниот број 9 на нашата Коалиција „Твоја Македонија“, да гласате за нашето поубаво и достоинствено Скопје, за нашето Кичево, мостот на заедничкото спојување и соживот, за Карпош, Аеродром, Вландово, Демир Капија, Неготино, за нашето Кочани да зачекори по патот на сигурната иднина, за Пробиштип, Чучер-Сандево, Чешиново-Облешево и сите останати македонски градови.
Ве повикуваме да ја искажете својата љубов кон Македонија и својот народ, да гласате за нашето подобро утре, за нашата заедничка иднината и за нашите поколенија.
Ве повикуваме заедно со нас да бидете дел од големата изборна победа за нашата достоинствена Македонија и заедничкиот просперитет.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-   
           Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-   
           Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-   
           Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-   
           Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-   
           Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-   
           Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-   
           Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-   
           Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција






