Балкан
31. October 2025 - 21:04

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост

Владата на Србија донесе Одлука со која утрешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост е одреден за 1 ноември 2025 година“, се наведува во Одлуката на Владата.

Како што објави Владата, Денот на жалост почнува на полноќ на денот определен за ден на жалост, а завршува на полноќ на денот определен како последен ден на жалост.

 

МИА