Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по први ноември.
Тој потсети дека пред една година Србија доживеа ужасна трагедија и ги наведе имињата на шеснаесет жртви од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
„Секој од нив, еден живот, секој од нив член на семејство, заедница, нашето општество и нашата земја, која оттогаш е потресена“, рече тој.
Тој најави дека на први ноември ќе оди во црква и ќе му се помоли на Бога и ќе запали свеќа за нив.
„Знам и разбирам дека во моменти на тага, некои луѓе бараат утеха на собирите. Секој го одбележува тоа и тагува на начин што мисли дека е најдобар, сè додека тоа се прави на мирен и на легален начин, јас целосно го поддржувам тоа“, рече Вучиќ.
Како што рече, знае дека многумина се лути што виновниците за тој настан не се утврдени и нагласи дека тоа е разочарувачки и за него.
„Можам да го разберам гневот, особено на семејствата на жртвите и оние кои беа директно погодени од трагедијата“, нагласи тој, додавајќи дека за него е важно и како да се спречи повторување на такви работи.
Тој истакна дека многу луѓе покажале скандалозен гнев, клеветеле, кршеле правила, користеле насилство врз другите и туѓ имот и се обиделе да ја уништат нишката на нашето општество и вредностите што нè поврзуваат.
„Во некои моменти, самиот кажав некои работи за кои жалам што ги кажав. И на студентите и на демонстрантите и другите луѓе со кои не се согласував. Се извинувам за тоа“, рече тој.
Тој изјави дека ќе се осврне на грешките што ги направил и на работите што ги кажал.
„Целата оваа омраза што врие во нашето општество не носи ништо добро, само води кон поголемо уништување“, рече Вучиќ.
Како што нагласи, би сакал први ноември да помине мирно, „со повеќе тишина отколку бучава“. Вучиќ рече дека е потребно да се открие вистината „која е поткрепена со докази“. Тој рече дека утрешниот ден не треба да биде ден што секој ќе го користи за своја политичка корист и повика на дијалог во општеството.
Како што најави, Србија ќе се соочи со огромни предизвици во наредните недели и месеци, кои, како што нагласи, немаат никаква врска со протестите.
„Работите што ги земавме здраво за готово се уриваат, структурите што функционираа исчезнуваат, се случуваат тектонски промени“, рече тој и нагласи дека Србија ќе преживее и покрај се, но дека нејзиниот напредок зависи од сите граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-

Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-

Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција
