Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Арсовска во јули годинава во Чаир

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.
Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки.
-Обвинетиот Реџеп Нуредини денеска на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за стореното на обвинетиот, дури и не се приклучи кон кривичниот прогон, ниту пак најави имотно правно побарување. Што помогна за изречената максимална алтернативна казна во случајот. Во случајот постојат навистина олеснителни околности, не само извинувањето, каењето за стореното од страна на обвинетиот, меѓутоа и ветувањето дека ќе се чува од такви испади во иднина. Очигледен беше неговиот придонес за ефикасно завршување на оваа кривична постапка, изјави Рауфи.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, од судот излезе видно вознемирена и не сакаше да даде изјава за медиумите.
На 11 јули годинава Арсовска, како градоаначлничка на Град Скопје, беше нападнат при увид на дивоградба во Општина Чаир.
Според обвинението Реџеп Нуредини се товари за сторено кривично дело „насилство“ од член 386, став 1 од Кривичниот законик.
-На 11.07.2025 година околу 11:30 часот, на улица „Севастополска“ во Скопје, грубо ја навредувал и ја загрозил сигурноста на оштетената Данела Арсовска и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во описот на обвинението.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
