Штипската Клиничка болница нема проблеми со греењето
Во штипската Клиничка болница (КБ) нема проблеми со греењето. Директорот на болницата Александар Стојановски изјави дека се набавени дополнителни количини на нафта и грејни тела, кои се ставени во функција со цел на пациентите и на персоналот да им биде топло на овие минусни температури.
- Спрема планот и дадените препораки, штипската болница набави дополнителни количини на нафта, набавени се и дополнителни грејни тела. Преку ден и навечер работи парното. Воедно во рамките на Акциониот план има и забрана за користење на годишни одмори за лекарскиот персонал, се забранува одење на едукации во овој период заради тоа што постојат можности за зголемени здравствени проблеми кај населението, во насока на трауми, епидемии, вели Стојановски.
Тој истакна дека поради грипот деновиве се пристигнати, односно набавени дополнителни количини на лекарства меѓу кои и лекот Тамифлу. Препорачува пациентите со хронични заболувања да ја користат терапијата, која им е дадена од матичниот лекар.
Ново на Сител
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба
-
Преглед на вестите од светот
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра