Македонија
12. April 2025 - 12:47

8-годишно дете и баба прегазени во Кочани

Дете и 64-годишна жена прегазени на улица во Кочани.

– На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани.