Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
За 6 дена два обиди за кражби на Онкологија. Вториот кој се случил на 8-ми на полноќ бил безуспешен за 17 годишник од Скопје кој полицијата веднаш го привела. Претходно малолетникот успеал да направи хаос во соблекувалната за вработените каде обил дури 18 шкафови.
- Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и бранител, а со потврда од него биле одземени предметите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
И додека за втората кражба има епилог, нејасно е како ќе заврши првиот обид кој се случил на почетокот на април каде никој со сигурност не знае дали недостасуваат картички со податоци за пациенти. Кражбата била во сестринската соба.
- Пријавивме во МВР, дојдоа полиција, крим техника, дојдоа и вработените чии беа шкафчињата. Беа земени брисеви од површините, уште вендаш утврдивме дека не недосатасуваат лични работи и лекови, но не сме сигурни за картички за пациенти кои ги чуваме и од инспекторот ни беше посочено додека не утврдиме што недосатасува да не пријавуваме, вели Андријана Филиповска, главна сестра во Клиника за Онкологија.
По овие инциденти и стресови и за пациентите и за вработените, од клиниката велат дека наместо 12 часовно обезбедување како што имале досега ќе имаат 24 часовно. Исто така планираат со електронски врати да го одделат хоспиталниот дел од амбулантите и таму да може да влегуваат само вработени.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар