Македонија
9. April 2025 - 16:42

До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи

Од 750 до 1500 евра глоба ќе треба да плати институцијата која нема да ја почитува употребата на македонскиот стандарден јазик. Инспектори на новоформираниот Инспекторат ќе вршат контрола на терен за да ја утврдат фактичката состојба. Директорката Менче Андреева вели ќе се проверуваат не само документите кои излегуваат од секоја инстанца на институциите, туку и називите на министерства, општини, под лупа на Инспекторатот ќе бидат и физички лица, социјалните мрежи и медиумите. Најголем проблем очекуваат да бидат етикетите на производите во маркетите и

Со донесувањето на законот за употреба на македонски јазик лани во јануари, веќе една година тече и рокот за вработување на лектори во сите институции. Според Андреева, дел од нив веќе имале ангажирано, а останатите ќе мора да направат систематицаија за да има нови вработувања.

Поради малиот број на пријавени студенти на катедрата за македонски јазик, од Инспекторатот очекуваат заинтересираноста да порасне со неговото работење. Планирано е да бидат вработени 5 инспектори, кои ќе ја контролираат дали се почитува законот на целат територија.

Во 2020-та беше формиран и Инспекторат за употреба на јазиците, кој проверува дали се почитува албанскиот јазик. Во вонредни контроли се опоменуваа институциите кои називот го немаат напишано и на албански јазик, а се преведуваа и називите на улици.