Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
Конструктивен и пријателски бил синоќешниот состанок на лидерите на од коалицијата Влен и тие се се поблиску до договор за заеднички настап на локалните избор, што беше и најголема пречка меѓу партнерите.
Сепак, работните групи составени од претставници на партиите на владината албанска коалиција ќе треба и понатаму да ги пеглаат разликите меѓу лидерот на Алијанса - Таравари од една страна и и лидерите на Демократско движење Изет Мрџити, на Беса Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими.
„Разговаравме за следните избори, за следните средби, беше во сосема пријателски и колективен дух, детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Така што ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката, апсолутно ние сме заедно, продолжуваме како заеднички и останува да се разговара само за деталите и општините за тоа како ќе се поделат. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но во секој политички субјект тоа се случува и кај поединечни партии“
Сличен став дека сите во коалцијата се заедно пред состанокот имаше и Таравари кој вусшност претходно бараше самостоен настап за локалните избори и имаше контакти со претставници со опозициската ДУИ за нивна поддршка во одредени општини. Ова пак, ги разлути касами и меџити кои отворено побараа Таравари да се определи дали останува кај нив и во Владата или пак, ќе соработува со интегративците.
Лидерот на Алијанса денеска пред медиумите вели дека немал средба лично со Ахмети.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар