Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недовршен процес, а Македонија одамна требаше да биде дел од европското семјство, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој е во дводневна посета на Македонија. И покрај бугарската кочница, процесот за членството на Македонија мора да се забрза во европските институции, смета Бока. Од Скопје му порача на Брисел дека Унгарија има јасна позиција а ЕУ мора фундаментално да се промени - Западниот Балкан да биде еден од најважните корисници на „ентузијазмот“ на Брисел.
Македонската влада се заблагодари за унгарската помош за забрзување на процесот на полноправно членство. Двајцата министри потпишаа и меморандум за соработка со кој ќе бидат споделени унгарските искуства со Унијата како пример за македонските интеграции.
Понудата на унгарскиот премиер Орбан за посредништво меѓу Скопје и Софија е се уште на маса, порача Бока. Очекува билатерлните спорови да бидат брзо решени на објективен начин. По двете меѓувладини седници, Муртезани доби покана за посета на Будимпешта каде преку преку работни планови и активности ќе се интензивира интегративниот процес.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар