Детектирање на проблемот со булингот
Врсничкото насилство сеуште присутно во училиштата. Како жртви се јавуваат и машките и женските деца и тоа најчесто оние од семејства со понизок економско-социјален статус.
Го има во сите форми, психолошко преку омаловажување и потсмев, физичко со тепање и удирање, но и сајбер насилство исмејување во пораки или групи на социјалните мрежи. Децата иако го препознаваат, и за разлика од минатото поголем дел од нив се охрабрени да го пријавуваат ваквото насилство сепак оваа појава не е искоренета. Професорите сметаат дека навременото детектирање е клучно во борбата со булингот.
Многу значачно во решевање на овој проблем е и соработката помеѓу родителот, ученикот и наставникот.
Според психолозите и социолозите жртвите на врсничко насилство обично патат од чувство на страв, срам и фрустрации кои им прават да се чувствуваат беспомошно, незаштитено и осамено.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар