Македонија
11. April 2025 - 17:04

Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото

Барал да биде полиграфски испрашан, ама не му дозволиле. Таткото на убиената Вања, кој е обвинет дека помогнал во грабнување на неговата ќерка, повеќе од четири часа го испрашуваа јавните обвинителки.

Отворено истакнаа дека целта на стотиците прашања биле за дискредитација на обвинетиот Александар. Се распрашуваа каков ученик бил, зошто наместо тој, работела сопругата и зошто како што тврдеше обвинителството го одоговлекувал префрлувањето на станот на неговите деца. Обвинителките по неколкупати се повторуваа во прашањата. Тврдеа дека бил во лоша финансиска состојба, пред грабнувањето на Вања и невработен, па преку бројни прашања, обвинителите сакаа да укажат дека мотив бил станот од кој требало да се откаже Александар.

„Ако сум бил монструм каков што ме претставувате од самиот почеток и ме понижувате мене и моето семејство за кое цинично говорите дека ништо не сме работеле, ќе и дадев негативен одговор на барањето на Зорица станот да го префрлам на име на децата“, изјави во судницата Ѓорчевски.

Одбраната е изненадена од прашањата на обвинителството. Смета дека изјавите на таткото на Вања укажувале дека тој нема вмешаност во случајот.

Десетина прашања имаше и Љупчо Палевски, кој за Александар рече дека е неправедно обвинет. Тој пак само еднаш одговори, дека со Палчо никогаш не комуницирал и првпат го видел во судница. Најпрво го праша дали го познава, дали некговаш бил во неговата зграда, дали имал проблем со инвеститорот на станот во кој живеле, зошто ако мотивот бил користољубие не ја убиле неговата бивша соприуга, туку детето, дали сведокот Гоце го местел и слични прашања. На сите прашања Алескандар одговори со „немам коментар“. 

Обвинителството ја прочита и пораката со која таткото на Вања вечерта пред грабнувањето побарал да се облече топло, за која тврди дека била единствена во комуникациајта со децата. Според Александар, пак тоа им го кажувал и лично, бидејќи освен преку интернет, тој се слушал и гледал со децата.

Судењето продолжува во понеделник кога Ѓорчевски ќе биде испрашуван од судијата.