Македонија
12. April 2025 - 16:37

ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран

Синдикалната кошница не е луксузна, туку реална, која покажува колку чинат минималните месечни трошоци за едно семејство да го истурка месецот, реагира ССМ по најавите на власта дека ја скроиле нивната просечна кошница.

Ни во синикалната нема одмор во странство, туку 10 дена во бунгалов во Дојран, има и еден хамургер месечно, но и трошоци за превоз, сметки, лекови, образвоание, однсно се она што домаќинставото месечно го трошат, реагираат од ССМ

-Има едно пиво и едно вино месечно, содржи 11 цигари месечни и еден хамбурег  што е навистина мизерно и нај основно. Во Синдикалната кошница имаме ствено и 10 дена одмор во Дојран, но власта нека не заборо дека месечно не е само јадењето, туку има и превоз, здравство, образование и слично, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Срамна и скандалозна е кошничката која владата ја скрои, реагира  опозициската СДСМ Целта е да го убедат народот дека со 400 евра може да се живее, без ниту денар за рекреација, одмор или  култура

Тоснко За Владата папаја, манго и аспарагус, а за граѓаните само трошки.За граѓаните да биде луксуз одморот, а власта да изнајмува цели авиони на грбот на народот.Целта на Владата е да го замени реалниот показател – минималната синдикална кошничка – со нова, владина креирана „просечна потрошувачка кошничка”. Ама не за четиричлено семејство, туку за тричлено. , изјави СДСМ

Заменик министерот за економија објави дека во просечната кошница нема место за алкохол,  цигари, вонсезонски овошја  но и одмор во странство. Што ќе содржи Рисески не обелодени, но изјави дека ќе биде реална. Владината кошница ќе треба да ја усвои социо економскиот совет.