Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
Една проверка на пасош, помалку ред за чекање, но и поголема посветеност на граничните служби за безбедноста меѓу Македонија и Косово. Од денеска принципот на „one stop shop” почна да се применува и на македонско-косовската грнаица на преминот Блаце – Елез Хан.
Но, ова не е само техничка придобивка за граѓаните и бизнисот, туку и најдобар доказ за зајакната меѓусебна доверба меѓу двете држави, како и јасна определба за интеграција на западен Балкан со отворени грнаици кон Европската унија согласни се Владите на двете држави.
И косовскиот премиер Курити вели дека освен инфраструктурно поврзување ова е голем чекор во доборососедските односи.
Низ сите три гранични премиени кон Косово лани поминале над 5 милиони граѓани, од кои 4,3 милиони се токму низ граничниот премин Блаце – Елез Хан. Една заедничка проверка на преминот значајно ќе го забрза овој проток во користи на граѓаните и бизнисот.
Токму државниците од двете земји имаа прилика први да го поминат преминот само со една проверка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар