Македонија
11. April 2025 - 17:01

Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите

На заеднички состанок вечерва лидерите на Вреди ќе ги пеглаат разликите. 

Несогласувањата меѓу Таравари и коалицијата ВРЕДИ избија кога актуелниот министер за здравство демонстрираше незадоволство од делот од колачот кој му бил понуден во вид на градоначланици и советници за претсојните локални избори. Меџити го обвини за преговори со Ахмети и побараа од него да избере, дали на изборите ќе оди со нив, или ќе го избере ДУИ.

Најостар се чини беше Касами кој на Таравари му порача дека ако замине од Вреди ќе биде нула, исто како што бил нула и кога дошол во коалицијата. 

Ваквите позиции на Касами, Таравари ги нарече лапсус.

Таравари е еден од политичките лидери на македонската сцена со најмногу прелети од една кон друга коалиција. 

Коалицијaта Вреди на последните избори по речи си 20 години ги испрати ДУИ во опозиција.