Преглед на вестите од светот
Ненајденото уривање на покривот на најпопуланиот ноќен клуб во Доминиканска Република затекнало најмалку 500 гости, меѓу кои и домашни политичари и спортисти. Преживеани за тамошните медиуми изјавиле дека прво паднало парче од покривот а по 30 секунди се урнала целата кровна конструкција на Џет Сет во Санто Доминго. Епилогот најмалку 110 загинати, над 160 повредени и голем број исчезнати и по повеке од 20 часа од трагедијата.
400 спасувачи ги пребаруваат урнатините од бетон и челик. Недалеку од нив се собрани семејства на исчезнатите кои чекаат вести за судбината на нивните најблиски. Подршка добија од претседателот Абинадер.
-Главна цел е да се спасат животи, тоа е она на што сме фокусирани. Ја следиме состојбата од минута во минута, во справување со трагедијата се користат сите ресурси, владините институции за итни случаи се достапни во секој момент“, изјави Луис Ббинадер, претседател на Доминиканска Република.
Несреќата се случила во раните утрински часови во вторникот за време на концертот на популарниот доминикански пејач Руби Перез, кој како што пренесоа властите е меѓу загинатите. ,Мегу жртвите се и провинци гувернер и двајца играчи на безбол.
Џет Сет функционира повеќе од 50 години. Клубот е реновиран двапати, последен пат во 2015 година. нема податоци кога функционалноста на објектот била последен пат проверена од надлежните институции. Сопственикот на Џет Сет преку објава на инстаграм изрази сочуството до семејствата на жртвите, им посака брзо закрепнување на повредените, како и дека им стои на располагање на властите за што побрзо да се утврди причината за страшната трагедија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар