Loading Video...
Свет
10. April 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Студенти во блокадата oд 14 факултети и високи школи од Нови Сад синоќа ги објавија критериумите за формирање експертска влада во Србија, како и какви ќе бидат нејзините ограничувања. Тие објавија шест критериуми, од кои првиот, како што велат, е од „клучно значење“ – неповрзаност со извршната и законодавната власт.

Вториот критериум е неповрзаноста со политички партии и движења.

Третиот критериум би бил тие да се докажани и признати експерти во соодветните области.

Четвртиот критериум е познавање на државната администрација и менаџерски вештини.

Петтиот критериум е моралниот и етичкиот интегритет на членовите на владата.

Шестиот критериум е поддршката на студентите и јавноста бидејќи, како што е наведено, поддршката од широк општествен круг, вклучувајќи ги и студентите, може да обезбеди новата влада да биде прифатена од сите слоеви на општеството и дека нејзините постапки се во интерес на општото добро. Студентите во блокадата посочуваат дека таквата влада мора да има неколку ограничувања, од кои првата е мандат од осум до 12 месеци.

Најмалку 184 лица загинаа при уривањето на покривот на популарен ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, а шансите за пронаоѓање преживеани се сè помали. Цела ноќ семејства на посетителите на клубот „Џет Сет“ чекаа пред урнатините барајќи вести за своите најблиски, покажувајќи нивни фотографии на полицијата.

Повеќе од 150 лица беа извлечени живи од урнатините неколку часови по несреќата, но во попладневните часови не е пронајден ниту еден преживеан.

Несреќата се случила за време на концерт на познатиот на познатиот во Латинска Америка Руби Перез, на кој присуствувале политичари, спортисти и други јавни личности. Перез е меѓу загинатите. Меѓу жртвите се и познатите бејзбол играчи.