Свет
9. April 2025 - 21:16

Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто

Отворената трговска војна меѓу САД и Кина по воведувањето на повисоки царини од страна на новата амдинистрација на Трамп екскалира од час во час. Трамп попладнево воведе нови рекордни царини за Кина. Наместо 104 отсто, кинеските производи на американскиот пазар од моментов ќе се царинат со тарифа од 125 проценти.

Американскиот претседател се реши на ваков чекор откако Кина утринава пак, ги зголеми своите царини кон САД од 34 на 84 отсто поради првичните дотгоаш неверојатни  америкнаски 105 проценти царина.

„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ја наплаќаат од Кина на 125%, веднаш што ќе стапи на сила. Се надевам дека Кина, во одреден момент, ќе сфати дека деновите на експлоатација на Соединетите Американски Држави и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо“, објави Трамп на својот профил на Трут Сошл.

Но, американскиот претседател вечерва изненади и со позитвна вест за останатите држави што не примениле одмазнички мерки. Тие добиваат  90 дена пауза од повисоките тарифи воведени пред некој ден. Сите држави кои побарале соработка од Трамп во овој период ќе добијат царина од само 10 отсто.

„Фактот дека повеќе од 75 држави се јавија на претставници на Соединетите Американски Држави, вклучително и Министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR), за да преговараат за решение за темите што се дискутираат во однос на трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и нецаринските бариери, и дека овие држави, на моја силна сугестија, не презедоа никакви одмазднички мерки против САД, јас овластив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна царина во овој период, од 10%, која настапува веднаш. Ви благодарам за вниманието во врска со ова прашање“,

Се уште нема информации што ова ќе значи за Европската унија која воведе 25 отсто нови царини за таргетирани прозиводи што треба да се воведа во 3 фази до крјаот на годината. Големите европски држави велат дека нвните економии се се уште силни.

„Клучната порака до Доналд Трамп е: Германија се врати на вистинскиот пат. Германија ќе ги исполни обврските во однос на одбраната, а Германија е подготвена да ја зајакне сопствената конкурентност. И тоа не е само Германија, туку Европа, Европската Унија и Германија повторно ќе биде многу силен партнер во Европската унија и ќе ја доведеме Европската унија напред“.

Европските економски аналитичари велат дека одговорот на Европа не е толку економски, туку политички. Советот им е сепак, Европа во оваа војна меѓу САД и Кина да не брза и да чека.

„Значи, изборот на производите беше направен на начин на кој беа насочени американските, вид на иконски производи, толку многу производи произведени во САД. Но, исто така, некои производи кои се особено произведени во држави кои се квалификувани како црвени држави, па републиканските држави. Значи, постои вистинско чувство дека се обидуваме да ги таргетираме и да им наштетиме на оние држави кои даваат најголема поддршка за Трамп со надеж дека всушност се жалат овие ЕУ држави “.

Поранешниот амабсадор во САД и еконмски експерт Јолевски за Сител анализираше пак, дека иако Македонија нема да има големи директни штети.

Без поголеми псоледици би биле и слобдните економски зони.