Loading Video...
Свет
10. April 2025 - 12:23

Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп

Американските акции пораснаа откако претседателот Доналд Трамп објави пауза во некои од „реципрочните“ царини, предизвикувајќи експлозија на пазарот кој минатата недела беше под екстремен притисок.

„Одобрив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна тарифа во тој период од 10%, која стапува на сила веднаш“, објави Трамп на својата Truth Social. Во истиот пост, Трамп рече дека повторно ја зголемува царината за Кина на 125%.

Секретарот за финансии Скот Бесент подоцна појасни дека сите земји освен Кина ќе се вратат на основната тарифа од 10% како што ќе напредуваат преговорите. Паузата нема да се однесува на секторските тарифи, рече Бесент. Бесент порача дека САД се подготвени да преговараат со „секоја земја во светот“ што сака да разговара за трговските услови. Тој напомена дека повеќе од 75 земји веќе контактирале со САД за да разговараат за условите, а Вашингтон е подготвен да преговара „во добра верба“.

Пред објавувањето на 90-дневната пауза, инвеститорите беа нервозни поради растечкиот конфликт меѓу Кина и Трамп. ЕУ, исто така, го одобри својот прв сет на царини за САД, кои треба да започнат на15-ти април.

Трамп истотака истакна дека Кина сака да постигне договор, но не знае како да го направи тоа и дека САД се подготвени да направат договор со ЕУ и со Кина, и тој договор ќе биде фер кон сите.

И покрај тоа, акциите забележаа раст во попладневните часови. Трговците беа охрабрени откако Бесент рече дека ќе ја преземе водечката преговарачка улога во преговорите за тарифите. Претседателот Трамп, исто така, ги повика инвеститорите дека сега е „одлично време за купување“ .

Берзите низ Источна Азија денеска пораснаа, откако американскиот претседател 90 дневна пауза.

Тајван изрази подготвеност да преговара за намалување на царините и да го зголеми увозот од САД, нивниот клучен сојузник во конфликтот со Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија. Нагло закрепнување забележаа и американските акции.