Loading Video...
Свет
10. April 2025 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Расте број на загинати  по падот на покривот на најполуарниот ноќен клуб во Доминиканска Република. Црниот биланс се искачи на 218 соопштија спасувачките тимови. Од вторникот попладне спасувачите не извлекле  ниту еден преживеан  изјави  директорот на центарот за вонредни операции, Хуан Мануел Мендез, и додаде дека   во текот на денот ќе  обајви крај на потрагата за пребарување и спасување. 189 лица беа извелечни ќиви од урнатините  во првите неколку часови од несреката , која се случи ноќта помегу понделеникот и вторникот. Покривот на Џет Сет во Сантно Доминго  од засега непознати причини се урна   за време на концертот на пејачот Руби Перез .

Нова рудна разговори  помегу САД  и и Русија за обновување  на дипломатските односи. Русија на денешната  средба во Истанбул  ја претставуваше  амбасадорот во Вашингтон Александар Дарчиев, а американската делегација  заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Соната Култер. Средбата се одржа зад затворени врати во рускиот конзулат. Утре во Вашингтон средба на тимови на Украина и САД.  Ќе се разговара за детали за   договорот за минерали

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека 155 кинески државјани се борат на страната на русија во војната против украина. Според Зеленски   Русија регрутира кинески државјани преку социјалните мрежи  а кинеските власти знаеле за тоа.  . Двајца кинескки војници, според Зеленски се заробени во битка за Доњецк. Пекинг му одговори на шефот на укрианскаат државата да не шири дезинформации. 

- Би сакал да повторам дека Кина не е креатор на украинската криза, ниту е засегната страна. Ние сме цврст поддржувач и активен промотор на мирното решавање на кризата. Кинеската влада отсекогаш барала од своите граѓани да се држат настрана од зоните на вооружени конфликти и да избегнуваат да бидат вклучени во вооружени конфликти во каква било форма, а особено да се воздржат од учество во воени дејствија на која било страна.Ги советуваме засегнатите страни правилно и трезвено да ја разберат улогата на Кина и да не објавуваат неодговорни коментари, изјави Лин Џијан, министерство за надворешни работи на  Кина.