Преглед на вестите од светот
Во Белград се одржува втор ден од народниот собор Не ја даваме Србија кој го организираат српските власти. Централниот настан е закажан за 19 часот пред народното сорбание . Ќе се обрати претседателот Вучиќ. Ќе го промовира Движењето за народот и државата во кое граганите може да се зачленат уште денеска и да предложат име за движењето.
Граѓани од цела Србија, од утрово пристигнуваат во Белград. Полицијата соопшти дека во Нови Сад морала да интервенира и да растера студенти во блокада кои се обидела да сперач автобоси со поддржувачи на Вучиќ да тргнат на собирот. Спрските власти собирот го нарекоа Празник за народот, земјата, заедницата и според Вуќик ке биде најмасовниот во историјата на Србија .
Американско ирански разговори во главниот град на Оман за контоверзната иранска нукеларна програма. На чело на иранскиот тим е министерот за надворешни работи Абас Агарчи. Американсата делегација ја предводи пратеникот на трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф.
Западните земји веруваат дека збогатувањето на уранаиум , нуклеарното гориво, во Иран ги надмина потребите на цивилната програма и целта на Техеран е да развие нукеларно оружје. Но Техеран тврди дека неговата нукеларна програма има чисто цивилни цели. Трамп педупреди на воена акција, какква што светот не видел доколку америкаско иранските разговори не успеат.
Иранската страна возварти дека целата на разгворите е фер и чесен договор заснован на еднаквост“ а не на уцени и заплашувања.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, подобро разбирање на украинскиот конфликт од кој било друг западен лидер.
„Кога зборуваме за елиминирање на основните причини за секој конфликт, вклучително и украинскиот конфликт, ова е единствениот начин да се реши проблемот и да се воспостави долготраен мир - отстранете ги основните причини. Претседателот Трамп беше првиот и досега, мислам, речиси единствениот меѓу западните лидери кој постојано, со убедување, неколку пати изјави дека е огромна грешка да се повлече Украина во НАТО, истака Лавров.
Изјавата на Лаворв со пофалби за Трамп уследи по сикешните разговори во Санкт Петербург помегу Путин и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, за завршување на војната во Украина,.И Кремњ и Ваингтон средбата ја оцениај како пордуктивна, но не се обајвиа детали.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар