Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар
Се поизвесно враќањето на учениците во школските клупи. Министерот за образование Арбр Адеми најави официјализирање на одлуката во наредната недела, на презентацијата на истражувањето “„Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19”. Адеми посочи дека протоколите се веќе разгледани и одобрени, а позитивен став за враќање на децата во училиште имаат сите релевантни институции. Резултатите од истражувањето спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, покажале дека за отворање на училиштата се над половина од речиси 10 илјади анкетирани директори, наставници и родители.
На неопходноста од отворањето на училиштата посочи и претставничката на УНИЦЕФ, која предупреди на сериозните негативни последици доколку децата останат надвор од училиштата. Заклучоците од истражувањето ги изнесоа на виделина потешкотиите со кои се соочија сите учесници во образовниот процес од почетокот на пандемијата. Мнозинството наставници не успевале да стапат во контакт со некои од учениците, а работните обврски ги спречувале родителите да поддржат своите деца за време на учењето на далечина. На недостатоците денеска се осврна и Народниот правобранител, од каде посочија дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика