Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
Индиректен бенефит за македонскиот бизнис, но и за државата ќе има евентуалниот крај на војната во Укриина, доколку се прифати планот на Трамп.
Македонија – како дел од НАТО, се очекуава да биде ангажирана во обновата на земјата - но и дел од американските пари да завршат кај нас во инфастуктура, бидејќи два стратешки коридори поминуваат преку нас, вели поранешниот министер за финансии Миноски.
Затоа, треба да бидеме проактивни, да имаме стартегија и да ги искористиме можностите.
-Со оглед на тоа дека Македонија е дел од источното крило на НАТО, се очекува на посреден начин да се привлекат некакви работи кои се поврзани со логистика на обновата , да се привлечат фирми кои ќе учествуваат во обновата, во делот на ИТ технологијата, македоснките комапнии би можеле да се јават како подизведувачи во обновата, но и во тоа во делот на инфарстуктурата, изјави Кирил Миноски, поарнешен министер за финансии.
Со прекинот на војната се очекува Европската Унија да го зголеми интересот за земјите од Западниот Балкан, што може да резултира со забрзана интеграција кон Унијата. Ова би значело и дополнителен влез на пари.
-Во делот на инфраструктурата и во јакнење на капацитетие на институциите, во делот на привлекуавње на инвестиции, зголемување на инвестиции од Униајта кон нас ЕУ.
Планот на Трамп за прекин на војната предвидува со 100 милијарди долари од замрзнатиот руски имот да основа посебен фонд со кој ќе управуваат американците. Дел од тие пари би се насочиле за обнова на Украина а половина од профитот би добиле САД.
Со 100 милијради долари од продажбата на запленетиот руски имот ќе придонесе и Евроспката Унија , кои ќе бидат инвестирани во заеднички вложувања и проекти со САД, се со цел да се избегне повторно разгорување на војната.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
