Македонија
22. November 2025 - 16:34

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника

Десетина доенчиња поради компликации од респираторни инфекции хоспитализирани се периодов на Клиниката за детски болести. Во Установата бележат зголемен број и над 100 амбулантски прегледи на болни деца пред се за време на викендите.

-Главните симптоми се горнореспираторни и полесни, најголем дел од децата се со полесна симптоматологија и се третираат амбулантски, меѓутоа помалите доенчиња особено бебињата се поосетливи и често бараат и болнички тетман поради компликациите, односно зафатени се долните респираторни патишта, белите дробови –пневмонија и затоа бараат посериозен и интензивен третман бидејќи сезонските вируси на инфлуенца и РСАВ знаат често да дадат тешки компликации и сериозни, дури имаме случаи кои остануваат со недели на болнички третман а тоа се помали доенчиња, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

Од детската клиника апелираат родителите и семејствата со мали деца да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вируси и прво да се обратат кај матичните педијатри.

-Препораката е да се почитуваат превентивните м ерки, пред се семејствата и секако консултација прво со матичните лекари со цел да се растерети клиничкиот центар. Треба да се користи првата линија за консултација, тоа се матичните лекари, па секундарно ниво на здравствена заштита и после на крај акко има симптоми и компликации тогаш да се упататат на нашата клиника, меѓутоа би било добро прво да се консултираат матичните, рече д-р Мемеди.

И во Институтот за јавно здавје последниот месец има по над 100 пријави за грип секоја недела. Најмногу се од Гостивар и Куманово. Досега во оваа сезона има вкупно 571 случај со клиничка слика на грип, што е за 72% повеќе од истиот период лани.

Иако се тестирани 171 материјал се уште нема лабораторсика потврда за грип, изолирани се само Ковид и респираторен синцицијален вирус.