Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
Мировниот план на САД за Украина тема на самитот на групата 20 кој се одржува во Јоханесбург.
Европските лидери предупредија дека тој не смее да биде во корист на Русија. Планот од 28 точки вклучува мегу другото, барања Украина да отстапи територија на Русија, да ја намали војската, да не се приклучи кон НАТО, како и повотрно приклучување на Русија кон Г8.
Русија според планот треба да добие голема територија од Украина. Мерц, Макрон и Стармер се надеваат на телефонски разгоовор со Трамп, кој одби да учестува на самитот. На настанот не е присутен ниту Путин.
-Сите прашања поврзани со Украина мора на крајот да бидат утврдени од Украина. Сега, сите сакаме праведен и траен мир. Тоа е она што го сака претседателот на Америка. Тоа е она што сите го сакаме. Но, принципот дека Украина мора да ја одреди својата иднина под свој суверенитет е фундаментален принцип, Кир Стармер, премиер на Велика Британија.
Територијалнот интегритетет на Киев мора да се почитува во сите преговори порака од првиот човек на ОН.
-И ни е потребен праведен, одржлив и сеопфатен мир во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание.И затоа, очигледно за нас, мировното решение за Украина што е во согласност со овие принципи би се придржувало и кон резолуциите на Генералното собрание кои јасно посочија дека територијалниот интегритет на Украина и, генерално, низ целиот свет, територијалниот интегритет на државите мора да се почитува, изјави Антотнио Гутереп- генерален секратр на ОН.
Трамп е уверен дека крајот на руското-украинската војна е близу. Очекува Киев до четврток да го прифати планот.
-Имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри тоа. ќе мора да му се допадне. А ако не му се допаѓа, тогаш, знаете, тие треба само да продолжат да се борат, претпоставувам. Па, во одреден момент ќе мора да прифати нешто, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски им се обрати на украинците со драматична видео порака, нагласувајки дека земјата е под силен притисок и се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство. Очекува наскоро да разговара со Трамп.
-Сега е еден од најтешките моменти во нашата историја. Сега притисокот врз Украина е еден од најтешките. Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството, или ризик од губење на клучен партнер. Или тешките 28 поени, или исклучително тешка зима - најтешката - и дополнителни ризици. Националниот украински интерес мора да се земе предвид. Ние не даваме гласни изјави, мирно ќе работиме со Америка и сите партнери. Ќе има конструктивно барање решенија со нашиот главен партнер, изјави Володимир Зеленски, претседател ан Украина.
Според Путин, американскиот план може да се искористи како основа за конечно мироно решение.
-Верувам дека може да се користи како основа за конечно мирно решение, но не е детално дискутиран со нас. И можам да претпоставам зошто. Причината е иста: американската администрација досега не успеа да ја обезбеди согласноста на Украина. Доколку Киев не сака да разговара за предлозите на претседателот Трамп и одбие да го стори тоа, тогаш и тие и европските военоподбуцнувачи ќе мора да сфатат дека настаните што се случија во Купјанск неизбежно ќе се повторат во други клучни области на фронтот, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
