Македонија
22. November 2025 - 16:33

Депонијата Буково канцерогена бомба

Депонијата Буково останува канцерогена бомба полна со секаков вид отпад. Граѓаните секојдневно се гушат од депонијата која постојано гори и од самата себе, дури и да нема кој да ја пали. Дополнителен проблем е и тоа што водите од неа се слеваат во подземните води и реки кои истекуваат во Охридско и Преспанско езеро.ж

И додека се чека изградбата на собирен центар во самиот град и регионална депонија во Новаци активистите од иницијативата Збогум Буково велат дека мора засилено да се работи на едукација на населението.

Депонијата во Буково постои над 50 години и истата ги има пробиено сите зададени рокови за употреба.