Мицкоски: Жалам што Левица ја одбива подадената рака за обединување
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по изјавата на Апасиев дека нема да се обединат со ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук напиша статус дека никој не побарал од Левица да помогне да дојдат на власт, туку побарале обединување за да го срушат Заев.
„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ.
Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица.
Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт.
Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.
Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство.
Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет.
Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив...“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари