Македонија
13. April 2025 - 16:36

Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани

За четворица нови осомничени за пожарот во Кочани Обвинителството бара ефективен притвор, за седумина куќен со забрана за комуникација, а за седум мерки за претпазливост.

Истрагата се прошири за 18 нови лица, меѓу нив се четворица поранешнни министри во економија, тројца државни секретари во министерството и шест раководители на сектор, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, седум пазарни инспектори, тројца општински градежни инспектори.

Екс министрите и вработените во мнистретсвото за економија се осомничени дека издавале лиценци на клубот без да ги исполнува условите, актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е опфатен во истрагата.

И поранешните директори на ДЗС, како и актуелниот но и генералниот директор, според обвинителството целосно ги запоставиле надлежностите и не спровеле инспекциски надзори не само во дискотеката Пулс, туку и во сите угостителски објекти во државата, со што го ставиле во опасност животот на граѓаните.

Седумте инспектори на Државниот пазарен инспекторат пак не ги спроведувале инспекциските надзори. За поранешните директори кои се осомничени Анета Симеска Димоска и Горан Трајковски, Коцевски кажа за нив продолжуваат проверките.

Во истрагата осомничени се вклупно 52 лица и три фирми, но дејствијата продолжуваат, вели министерот за внатрешни работи.

Слични случаи на пожари од пиротехника кои резултираа со голем број на жртви, а од кои биле црпени искуства, се оние во Романија, Бразил и САД. Во ови судски процеси како што нагласи Обвинителството биле земени предвид долгорочната серија на системски пропусти што придонеле пожарите да бидат толку разорни слично како во дискотеката Пулс.