Левица поднесе интерпелација за Тошковски
90 дена по ДУИ во првиот можен рок, Левица поднесе нова интерпелација за Министерот Тошковски. Според нив тој треба политички да одговара бидејќи во дискотеката во Кочани имало малолетници, се користеле пиротехнички средства, полицијата не укажувала помош на повредените, не ги гонела тие што се заканувале на социјалните мрежи и забранила употреба на дронови за време на протестите. На Левица и пречи и списокот со осомничени за трагедијата
Со идентични забелешки во реакциите денеска и од СДСМ.
Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот. Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите – велат од СДСМ
Иста порака испраќа и ДУИ со тоа што и дава и етнички белег
Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично. Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострански насочен кон албанскиот народ во оваа држава, се вели во соопштението на ДУИ
Во две трагедии загинаа 70 луѓе а СДСМ и ДУИ кои тогаш беа на власт не поднесоа ниту една кривична пријава врати министерот за внатрешни работи
Ова е втора интерпелација за Тошковски во мандатот на оваа Влада. Претходно интерплација му поднесе ДУИ по дивеењето на Денот на албанското знаме но дури ни пратениците на Ахмети не гласаа за неа.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар