Македонија
15. April 2025 - 16:32

Шест закони под лупа на антикорупциска

Прво проверка на условите, па потоа лиценца за угостителски објект. Ова е предлогот на антикорупциската комисија откако таа изминатиот период ги барала дупките во законите кои ја регулираат постапката за вршење угостителска дејност. Постојните закони биле полни со недостатоци, па досега, не се знаело ниту кој треба да проверува ниту кој да казнува. Исполнетост на условите, постела само на хартија.

Постапката е формално завршена, без реална потврда на исполнетост на условите. Се создава правна празнина поради отсуство на обврската за контролен надзор пред регистрација и се отвара простор за декларативни пријави што во пракса значи, дозвола за вршење на дејност без реална проверка што може да има последици врз здравјето и безбедноста на гостите“, изјави Татјана Димитровска, Претседателка на ДКСК.

Пропусти се регистрирани и кај Законот за заштита и спасување. Од неговото донесување немало забрана за употреба на пиротехника во затворен простор, а никој не проверувал ниту дали објектите ги исполнуваат условите за противпожарна заштита.

Иако се предвидува обврска на Дирекцијата за заштита и спасување да даде согласност за мерките за заштита од пожари во фазата на увид во проектна документација, сепак не е пропишана обврска инспекторите да учествуваат во техничкиот прием на објектите. Неопходо е да се уреди член 70 со експлицитна одредба со која ќе се утврди обврска, инспекторите од ДЗС задолжително да учествуваат во техничкиот прием на објекти со цел да се изврши фактичка проверка на примена на мерките за заштита од пожари“, вели Димитровска.

Од антикорупциската комисија забележуваат и на можности од корупција кај службени лица работат на документите за издавање на дозволи и лиценци. Проверувале шест закони - за угостителска дејност, заштита и спасување, инспекциски надзор, локална самоуправа и кај сите пронашле недостатоци.

Може да забележиме дека Законот за угостителска дејност, постојат бројни регулаторни ризици кои произлегуваат од недоволно, прецизно, нецелосно и неконзистентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми, како и можност за декларативно исполнување на условите“, вели  Татјана Димитровска, Претседателка на ДКСК.

Проверките на антикорупциска следат по трагедијата во Кочани, која откри дека дискотеката работела без лиценца, а немала ниту соодветен систем за заштита од пожари. Сите забелешки, комисијата ќе ги испрати до предлагачите на законите и надлежните институции за нивно спроведување.

Во меѓувреме, направени се близу 300 контроли, а изречени се казни од над 3 и пол милиони денари.

На истата седница, антикорупциска препорача и ограничување на дискреционата моќ на министерот за внатрешни работи при уредување на постапката за унапредување на вработените во МВР.