Македонија
15. April 2025 - 16:32

Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ

Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ. Денеска заменик амбасадорот на ЕУ за Македонија, ги потсети крупните политички актери дека корупцијата не парира со демократскиот и економскиот напредок на државата.

„Како што знаеме сите, корупцијата е сериозен проблем во Северна Македонија и во Западниот Балкан, а тоа е внесено и во консекутивните извешаи на ЕУ. Таа има влијае не само врз демократијата, туку и врз економскиот развој на државата и на регионот, но исто така влијае и на нивниот европски пат“ изјави Бен Нупнау, заменик-шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Дополни дека корупцијата мора да биде забележана првенствено од политички лидери, а граѓанскиот сектор треба да бара транспарентност и oдговорност од институциите.

Кој како ја зема власта, ја заробува државата. Ова е феномен во изминатите 10 години, смета и Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

„Заробената држава, односно како институциите не функционираат, односно се заробуваат од страна на владејачките партии што треба да го согледаме како феномен и превенираме за понатаму, бидејќи тоа го кочи развојот на државите. Бидејќи се губи довербата во системот како што викаат и самите политичари и со тоа институциите не ја извршуваат својата функција, корупцијата расте, а развојот е намален“, ијзави Кржаловски од МЦМС.

Последното истражување на МЦМС, објавено минатата година покажува дека 31% од граѓаните се соочиле со ситуација во која им било побарано мито. 26% од испитаниците потврдиле дека дале мито за да завршат одредена работа.

На денешната панел дискусија „Борба против корупцијата“, се судрија ставовите на политичарите и невладиниот сектор за имплементација на иновации против нелегалната моќ, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка.