Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
Иако отидоа предалеку со меѓусебните коментари, на крај сите партнери од Вреди сепак заеднички ќе настапат на локалните избори, децидни се политичките аналитичари.
Во интервју пак, нова порака за Таравари од колицискиот партнер Касами, што побрзо да се ослучи на чија страна е. Лидерот на Беса вели дека секој партнер вреди во Вреди, но и предупредува дека „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“.
„Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што во случајот ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – ‘тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“. Сепак, мислам Вреди ќе излезе посилна од ова“.
Таравари денеска не ни одговори дали дефинтивно останува во коалицијата Вреди или пак, ќе ја напушти. Нема одговор од него и за тоа што му е понудено од партнерите од колачот за локалните избори.
Сепак, по апсењето на неговиот директор на Геријатрија за мито, како и последниот лидерски состанок на Вреди од петокот кој поминал во конструктивна атмосфера големи се шансите Таравари да остане во Вреди.
Според договорено работните групи од коалицијата ќе треба и понатаму да ги пеглаат разликите за тоа кој партнер во која општина би имала свој кандидат за градоначланик и за застепноста на советнички листи.
Превирањата во Вреди настанаа кога лидерот на Алијанса се заложил секоја од партиите да има самостоен настап за локалните избори по што почна разговри дури и со опозциската ДУИ за нивна поддршка во одредени општини.
Ова пак, ги разлути Касами и Меџити кои отворено побараа Таравари да се определи дали останува кај нив и во Владата или пак, ќе соработува со интегративците.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар