Конкурсот за усовршување на наставниците во странство отворен до 1 септември
Наставниците имаат можност да се усовршат професионално на некој од најдобрите 200 универзитети од областа на образованието рангирани на шангајската листа на Џиао Тонг универзитет, за што од оваа година Министерството за образование и наука ќе доделува стипендии.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потсети дека конкурсот за 2016/2017 година трае до 1 септември и дека наставниците сега, по завршената учебна година, можат да размислат да ја искористат можноста да студираат на магистерски и на докторски студии во странство.
МОН во целост ќе го покрие трошокот за уписнина во износ од најмногу 40.000 американски долари годишно, ќе исплаќа месечен паричен надомест за трошоците за живот и ќе му обезбеди на кандидатот еден повратен авионски билет. Додека траат студиите во странство, работниот однос на наставникот ќе биде во мирување, а по враќањето тој е обврзан да остане на работното место најмалку за период колку што му мирувал работниот однос.
- Министерството односно Владата ќе ги покрие целосно трошоците за нивната стипендија и престој, трошоците поврзани со студирање на соодветниот факултет. Конкурсот трае до 1 септември и очекувам во текот на летниот период да имаме и конкретни апликации, бидејќи имаше интерес од страна на наставниците. За оваа цел МОН го измени и соодветниот закон и во него е утврдена гаранција за работното место на наставникот кој ќе оди да го дооформи своето образование, но со обврска потоа да се врати и да работи во Република Македонија, рече Ристовски.
Ново на Сител
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ