Македонија
7. October 2025 - 19:43

Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците

Две лица, управители  на дом за стари лица во скопски Капиштец, се приведени под сомнение за нехуман третман на штитениците. Во заедничка акција на полицијата и обвинителството извршиле претрес на четири локации од кои се обезбедени докази.

-Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.

Роднините на штитениците во домот вознемирени велат дека немаат никакви информации, освен дека утрово добиле повик од социјален работник кој ги повикал до крајот на денот да ги земат своите најблиски бидејќи установата се затвора.

Одговорни лица од домот во разговор ни рекоа дека засега не можат да откриваат детали, но најавија дека по консултација со нивниот правен тим, ќе ги соопштат причините.