Мицкоски со бизнисмени од Струмица
Владата ќе продолжи да води стабилна макроекономска политика без зголемување на даноците и без промени во старосната граница за пензионирање. Ова денеска го порача премиерот Христијан Мицкоски на средбата со претставници на бизнис заедницата во Струмица, каде што ги презентираше економските приоритети на извршната власт.
Премиерот нагласи дека се очекува инфлацијата да продолжи да опаѓа , а економскиот раст во наредните два квартали да остане стабилен, во рамки на проекциите за бруто домашниот производ
Мицкоски потенцираше дека и покрај економскиот фокус, европската интеграција останува еден од клучните приоритети на Владата, но како што рече не по секоја цена.
На средбата со бизнис заедницата, Мицковски откри и дека се во завршна фаза преговорите со САД за потпишување билатерален договор поврзан со трговските тарифи. Според него, предмет на разговор се околу 80 производи и артикли, за кои се очекува тарифите да се движат од нула до максимум осум проценти.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар