Бизнис
27. May 2016 - 10:03

Ден на пченицата

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општина Илинден и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), „Агроунија“ денеска го организира традиционалниот настан Ден на пченицата.

На манифестацијата прв пат ќе бидат презентирани информации за најновите достигнувања во производство на семенски и саден материјал.

По обраќањата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, генералниот менаџер на „Агроунија“ и претседател на Агро-бизнис комората при ССК Огнен Оровчанец, извршниот директор на ССК Митко Алексов и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, предвидена е обиколка на опитните полиња на „Агроунија“.

На настанот ќе бидат присутни и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна.