Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
Работната група до претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски го доставила извештајот за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово, а на обвинетиот Менсур Пајазити доби две години затвор. Работната група, составена од три члена, требаше да го разгледа предметот од првиот ден кога обвинението влегло во судот па се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд.
-Завршена е работата на работната група, доставена е информација, меѓутоа се уште немав можност да ја видам таа информација и веднаш ќе биде објавена и предметот ќе биде вратен назад во судот. Во текот на денот очекуваме да излеземе со повеќе информации, изјави денеска Камбовски по свечените изјави на неколкумина нови претседатели на судови.