Бока: Пристапувањето во ЕУ треба да се заснова на заслуги, Македонија веќе требаше да е дел од унијата
Процесот на пристапување во ЕУ треба да се базира на заслуги , а не да зависи од билатералните спорови, кои треба да се решат на објективен начин, смета унгарскиот министер за евроинтеграции Јанош Бока. Од Скопје исспрати порака дека доколку Унгарија може да помогне во процесот, помошта секако ќе биде дадена. Порача дека унгарската влада останува посветена на градење на стабилно партнерство и подобрување на процесот на интеграција на Македонија.
За македонската влада спроведување на реформската агенда е примарна цел. По средбата со Бока, заменик мнистерката за европски прашања Трајков добила уверување од унгарскиот колега дека Унгарија нема да отстапи од помошта и советите за Македонија.
Бока од денеска е во работна посета на Македонија, се обрати на дебатата „Како да ја направиме Европа повторно голема?“, а за утре е закажана и средба со вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар