Македонија
10. April 2025 - 16:50

Конечно започнува реставрацијата и конзервацијата на црквата на манастирот Трескавец

Конечно започнува проектот за реставрација и конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Трескавец кај Прилеп. После децении на распаѓање на фреските и на ѕидовите на црквата која потекнува од 12 век сега првично ќе се пристапи кон завршување на фазниот проект за зацврстување на темелите и самата констукција на црквата, реконструцкија на падот и отстранување на влагата која нанесува огромна штета на самиот храм. Во целиот процес на нашите експерти ќе им помагаат и конзерватори византолози од Европскиот центар за Византологија во Солун, Грција. За почеток на проектот се обезбедиле 4 милиони денари.

„По консолидацијата статичка, по решението на ИЗИС, се пристапува кон отстранување на тампонот поставен претходно, превентивно, со цел да се докомплетира решението за долните темелни зони, со поставување на хидроизолација и дополнително зајакнување“, изјави Илија Ристески, Завод и музеј Прилеп, раководител на проектот.

Покрај бројните експерти на Трескавец денеска беше присутна и амбасадорката на Грција во Македонија, која вети дека тие како држава ќе ги пренесат сите свои знаења за да се заштити овој споменик на културата.

„Морам да кажам дека нашоте тимови започнаа со заедничка работа во 2021 година, во црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново, тој проект беше за реставрација на фреските, сега ова е втор проект каде што сме вклучени каде ќе бидат присутни и експерти од Европскиот центра за Византологија и пост византологија од Солун кој што е под грчкото министерство за култура“, рече Софија Филипиду, амбасадор на Грција во Македонија.

„Нашиот Центар има големо искуство во реставрација и конзрвација на вакви објекти. Бевме поканети тука да го споделиме сето наше знаење и како да се решат проблеми со статиката и архитурата на црквата. Дефинитивно ќе биде спасен фрескоживописот и самиот објект, но целта е тоа да се направи на најдобар можен начин и да се употребат нови технолигии“, истакна Флора Карајани, директор на Европскиот центар за византиски и пост византиски споменици.

По конзервацијата на и рестраврацијата на статиката и подот, како и решавањето на проблемот со влагата во 2026 година се очекува да се започне со реставрација на фреските во црквата.