Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
Берзите повторно во зелено, по одлуката на Трамп да ги стави под мраз царините на 90 дена. Европските бележат најголем скок од 2020-та година., растат и американските и азиските индекси. Стабилизрани се и приносите на 10 годишните обврзници на САД , доларот полека закрепнува, додека цената на златото расте. Демократите во американскиот Конгрес сега го обвинуваат Трамп за инсајдерско тргување,односно дека незаконски учествува во најголемата пазарна манипулација во светот. Се соменаваат дека соработниците на Трамп незаконски профитирале од огромните промени на берзата, затоа што неколку минути пред отворањето на Волстрит, Трамп на социјалната мрежа Трут сошал напиша – Време е за купување. Потоа објави дека високите царини ги одложува на 3 месеци. Но тоа не важи за Кина. Неа уште посилно ја казни. Наместо 104 и воведе тарифи од 125 отсто., откако Кина им воздрати со 84 отсто. Сепак Трамп очекува , покрај со останатите, да склучи договори и со кинезите.
Сепак Трамп направи 90-дневна пауза за луѓето кои не возвратија затоа што им реков, ако возвратите, ќе го удвоиме. И тоа го направив со Кина затоа што тие возвратија. Така, ќе видиме како сето тоа ќе биде. Мислам дека ќе функционира неверојатно. Мислам дека нашата земја ќе биде неверојатно. Мислам дека нашата земја ќе биде пократко, нема да помислиме нешто пократко, туку ќе помислиме на една година. можно.” „Ќе се склучи договор со Кина. Ќе се склучи договор со секој од нив и тие ќе бидат фер договори. Сакам само фер, ќе има фер договори за сите. Но, тие не беа фер кон Соединетите држави. Тие не цицаа на суво“., изјави Доналд Трамп, претседател на САД
И Европската Унија ги одложи на 90 дена вчера усвоените контра мерки кон САД. Претседателката на комисјата, Фон дер Лајен вели – да им дадеме шанса на преговорите.
Додека го финализиравме усвојувањето на европските контрамерки, кои добија широка поддршка од земјите-членки, одлучивме да ги суспендираме за 90 дена”, „Ако преговорите не успеат, контрамерките ќе бидат спроведени. Во исто време, подготвителната работа продолжува за дополнителни мерки” напиша Урсула фон дер Лајен.
Сепак, Кина не отстапува. Велат дека не сакаат трговска војна., но ако САД продолжат со закани, нема да стојат настрана.
„ Кина апсолутно нема да прифати притисок, закани и уцени, тоа не е вистинскиот начин да се справи со Кина. Ако американската страна навистина сака да разговара, треба да покаже став на еднаквост, почит и реципроцитет. Кина сигурно ќе го придружува до крај, Лин Џиан, портапор на кинеско министерство з анадворшни работи.
Тримесечната пауза им остава простор на државите да преговараат, да најдат решенија или во најлошо сценраио – да ги реорганизираат своите бизниски и да се подготват да го ублажат шокот, коментираат експертите. На листата на која САД има наметна царини е најдоа 180 држави. Над 75 од нив ќеќе ја контакрирле американската федерална влада, за да преговараат за решение.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар